живнат
Вид збор: Глагол, свршен
Закрепне, поврати животна сила, добие живост; стане пожив.
Примери:
По обилните дождови живнаа растенијата.
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера посилно во својот развој.
Примери:
Зародиш на смев почна да жуга во мене.
жугнат
Вид збор: Глагол, свршен
Живне, потера посилно во својот развој.
Примери:
Пченицата жугна.
пооживат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане донекаде пожив, подобар.
Примери:
Со новиот мебел во светли бои просторот пооживе.
Направи да биде некој донекаде пожив, да оживее.
Примери:
Неговото појавување на сцена ја пооживи публиката.